АПЕЛАЦИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: За 4 години e намалена казната на Бојан Јовановски - Боки 13
За 4 години e намалена казната на Бојан Јовановски - Боки 13, со што му останаа уште неколку месеци.
Апелациониот суд во Скопје му ја намали казната затвор за четири години на Бојан Јовановски за случајот „Рекет“. Според одлуката на второстепениот суд, казната му се намали од девет на пет години, па има за доиздржување уште неколку месеци. Одлуката следува по поднесеното барање од одбраната на Јовановски, за преиначувања на одлуката на првостепениот суд, без повторување на постапката. Јовановски претходно бараше, но Кривичниот суд го одби барањето за повторување на судењето.
Лекарите констатирале дека не може да биде лекуван во затворски услови бидејќи му бил отстранет дел од желудникот и од тенкото црево. Јовановски во моментов е надвор од затвор, со отпуст за лекување дома. Боки 13 е обвинет и во случајот Меѓународен сојуз. Првата пресуда со која доби 9 години затвор, Апелација лани ја укина и сега има повторно судење во Кривичниот суд.
