Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезна синот на Зоран Илиев Роџер

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезна синот на Зоран Илиев Роџер

Исчезна синот на Зоран Илиев Роџер, 28 годишниот Давид. Oваа информација брзо се прошири на социјалните мрежи. Случајот е пријавен и во полиција. 

„Ве молам, сите што сте од Скопје! Исчезнат е нашиот син Давид Илиев. Ние, неговото семејство не можеме да направиме ништо оттука, во Австралија. Затоа, апелираме до сите кои сте од Скопје да го побарате Давид и доколку го видите, да го задржите и да не побарате на телефоните: 071229903 или 075363665. Помогнете ни да го лоцираме нашиот син кој го напуштил домот на неговите баба и дедо и ги оставил сите свои лични документи, пари и писмо поради кое се сомневаме дека е во состојба во која може да си наштети себеси“, апелира Зоран Илиев Роџер од далечната Австралија.

Почнете од Вардар, кејот на Вардар околу Аеродром, околните паркови во Аеродром и да го превртиме цело Скопје, се наведува на социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести