Апасиев: Заменик-министерка за правда има кривична пријава за злоупотреба на службената положба
Пратеникот и професор Димитар Апасиев со нови „објаснувања“ на Фејсбук. Посочува оти заменик министерката за правда која е задолжена да ги одбрани измените на законот со кој за неколку години треба да се намалат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и овластувања на функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи.
- Иначе, оваа анонимусов шо ни е заменик-министерка за правда - Викторија Аврамовска МАНДИЌ (од СДС на Нашата Земја) е предложена да ги брани контроверзните измени на Кривичниот законик пред пратениците, пуштени шверцерски - по скратена постапка, со ЕУ знаменце...
И се тоа би било ОК, арно ама дотичнава има кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од Град Скопје дека, во време на алкосот Шилегов (како негова секретарка), исплатила 75.000 ЕУР на фирма - напиша Апасиев на Фејсбук.
Слично
