АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, порача дека жестокоста во критиката не смее да попушти откако синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани мораториум на вербалните напади кон Левица и кон Движењето ЗНАМ.
„Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за степен!“, пишува Апасиев на Фејсбук.

Мицкоски синоќа од Охрид порача дека нема да ги напаѓа Левица и ЗНАМ.
„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партиите Левица и ЗНАМ“, рече Мицкоски.Максим Димитриевски од ЗНАМ ја прифаќа идејата на Мицкоски за национално единство.
Кампањата за парламентарните избори почна вчера.
Слично
