Апасиев во Собранието носеше маица со ликот на Асанж
Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев на денешната седница во Собранието се појави со маица со ликот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и изрази поддршка против неговата екстрадиција во САД.
„#FreeAssange од македонското Собрание. No U.S. extradition!“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.
Викиликс објави многу доверливи документи во 2010 година, докажувајќи ги злосторствата извршени од Соединетите Американски Држави (САД) во Ирак и Авганистан.
Асанж, кого САД го обвинија за шпионажа и бараа негова екстрадиција, побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон во јуни 2012 година, а неговата екстрадиција во Шведска беше на дневен ред за тужбите поднесени против него, под обвинение за силување и сексуално вознемирување. Оттаму, Асанж на 11 април 2019 година беше приведен и уапсен поради „прекршување на условите за ослободување со кауција“ и ставен во затворот Белмарш во Лондон. По рочиштата, САД, чие барање за екстрадиција беше одбиено на 4 јануари 2021 година, поднесе жалба на одлуката. Наведено е дека неговото досие ќе оди директно до министерката за внатрешни работи Прити Пател за конечната одлука дали Асанж би можел да биде екстрадиран во САД.
