Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев вели дека во време на епидемија по сила на Устав е должен да не ги прими попишувачите

Апасиев вели дека во време на епидемија по сила на Устав е должен да не ги прими попишувачите

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев вели дека по сила на Уставот е должен да не ги прими попишувачите дома во време на епидемија. 

Тој додава дека можеби ќе го оспори законското решение пред Уставниот суд.

„Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“! Значи, јас – по сила на Устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус “, пишува Апасиев.

Конечно е изгласан Законот за попис. Со 62 гласа „за“, и со бадентерово мнозинство Собранието го донесе Законот за попис. Ова се случува по една недела откако заврши расправата за ова законско решение. 


Инаку, за законот гласаа пратеници од коалицијата на СДСМ, ДУИ и од опозициските Алтернатива и Алијанса на Албанците. Пописот ќе се одржи во април. 

Слично

Поврзани вести