Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

По повод синоќешната 79-годишнина од убиството на народната хероина Ибе Паликуќа, претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев објави оти поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов именувал улица во Скопје со името на нејзиниот индиректен убиец.

Притоа, Апасиев нагласи дека оваа одлука правниот тим на Левица ја оспорил на Уставен суд. 

- Вчера беше денот на убиството на народната хероина ИБЕ ПАЛИКУЌА.

Ама изгледа не знаете, дека убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов од советниците на СеДеСеМе! Е баш таа градска одлука, денес, правниот тим на Левица ја спори пред Уставен суд. Нека има трага кој на која страна бил у Историјата - напиша Апасиев на Фејсбук. 



Слично

Поврзани вести