Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев тврди дека Ковачевски навредил пратеничка дека е „грда“, таа бара извинување

Апасиев тврди дека Ковачевски навредил пратеничка дека е „грда“, таа бара извинување

„Паднаа“ обвинувања дека премиерот Димитар Ковачевски навредил пратеничка за физичкиот изглед и таа бара извинување. 

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев тврди дека премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница од место го коментирал изгледот на пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.


„Премиерот Таче на собраниска седница од место ѝ дофрли на пратеничката Бети: „Жена ми барем е убава, а ти си ружна“ – напиша Апасиев на својот профил на Фејсбук.

Премиерот тврди дека рекол само за сопствената сопруга дека е убава, но не ја спомнал пратеничката Стаменкоска ниту рекол дека таа е „грда“.

Пратеничката  Стаменкоска-Трајкоска преку Фејсбук побара од премиерот Ковачевски да ѝ се извини.

„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес е да ми се извини“, напиша Стаменкоска-Трајкоска.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ исто така бара Ковачевски да се извини за, како што се вели, шовинизмот и сексизмот искажан кон колешка пратеничка.

Пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ пак обвини дека вчера имало обид за физичка пресметка меѓу пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Жалкина Лазаревска. Тврди дека пратеникот сакал да ја нападне колешката. 

Слично

Поврзани вести