Апасиев: Треба да имате кичма за да ве почитуваат
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во Само вистина на Канал 5 вечерва изјави дека треба да имате кичма за да ве почитуваат, коментирајќи го одложувањето на пописот во Србија, но и процесот на вакцијација.
За фактот дека се пролонгираше пристигнувањето на вакцините „Фајзер“, рече дека иако власта се правда дека проблем е тоа што сме мал пазар, со 2 милиони жители, наведе пример дека Латвија добила вакцини иако е помала според бројот на жители. За пописот, вели дека во време на пандемија не треба да се прави. Но, наведе и дека ниту една држава во светот не попишува иселени. Дополнително, вели дека иако пописот ќе почне за неколку дена, сепак нема доволен број на попишувачи. Апасиев вели дека ќе ги гонат властите за загрозување на јавното здравје.
„Ова е попис за отпис на Македонците како конститутивен народ“, рече Апасиев.
Изјави дека процентите за тоа која етничка заедница колку ќе изнесува на пописот веќе е договорено. Вети дека ќе дадат правна помош со мрежа на адвокати за луѓето кои ќе бидат казнети за бојкот.
