АПАСИЕВ: Советот на Град Скопје нека ги спасува јавните претпријатија, а директорите нека си перат пари
Вчера беше надминат проблемот со платите за вработените во ЈСП, окако Советот на Град Скопје донесе позитивна одлука, а превозот е нормализиран.
Откако вчера Советот на Град Скопје се предомисли и овозможи плати на вработените во ЈСП, Скопје повторно доби превоз.
Со реакција се јави пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев.

Во синоќешната емисија „24 Анализа“ на 24 Телевизија гостуваше претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески кој што истакна дека она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата „За обнова на Македонија“ остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември.
