Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Со ВМРО-ДПМНЕ ниту сме во неформална коалиција, ниту во брачна заедница

Апасиев: Со ВМРО-ДПМНЕ ниту сме во неформална коалиција, ниту во брачна заедница

Нема да има уставни измени, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев. 

Тој за „Канал 5“ изјави дека парламентарниот состав нема да ги изгласа уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. Вели дека и во иднина тоа нема да се случи. 

„Нема уставни измени во овој мандат, а во идниот уште помалку, зашто Левица ќе има двоцифрен број мандати и тогаш позициите ќе бидат драстично сменети. Нема да има уставни измени. Тие ќе сторат сè за да остнат на власт, но нашиот став е да одиме на избори“, вели Апасиев.

Тој објасни дека со ВМРО-ДПМНЕ имаат слични ставови. 

„Со ВМРО-ДПМНЕ ниту сме во неформална коалиција, ниту во брачна заедница, туку имаме слични ставови“, вели Апасиев. 

Инаку, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го нарече Апасиев политички пироман и според него тој го држи ВМРО-ДПМНЕ во заложништво. 

Албанскиот премиер Еди Рама кој беше во посета на Скопје, кажа дека ако не се случат уставните измени, Македонија ќе се врати назад во изолација. 

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се против уставни измени. 

Слично

Поврзани вести