АПАСИЕВ СО СВОИ ПРЕСМЕТКИ: Во Владата има министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на
Левица, Димитар Апасиев, денеска пред пратениците во Собранието рече дека во во
Владата има и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено пресметал дека во
составот на владиниот кабинет се 12 Македонци и 8 Албанци, 16 мажи и четири
жени. Според неговите пресметки ДУИ има шест министри, а ЛДП и Беса по еден.
Иако не ги изнесе имињата на пратениците за кои тврди дека се од ВМРО-ДПМНЕ, тој
сепак посочи дека едниот е „министер за ЕУ-фундаментализам, (веројатно мислејќи
на Никола Димитров), а другиот е „министер за задгробен живот, кој му беше
советник на министерот за смрт, (веројатно мислејќи на Венко Филипче).
Освен тоа, според Апасиев „заевизмот е највисокиот стадиум на груевизмот“.
Неговата препознатлива навредлива реторика, која се однесуваше кон предложените министри не беше мотив останатите пратеници да му реплицираат.
