Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев со ОМО Илинден во Мелник на 107-годишнина од смртта на Јане Сандански

Апасиев со ОМО Илинден во Мелник на 107-годишнина од смртта на Јане Сандански

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, беше еден од стотината присутни на традиционалното одбележување на годишнината од смртта на војводата Јане Сандански во Мелник, Бугарија.

Оваа година немаше официјални претставници од македонскиот државен врв, ниту останати политички лидери од Македонија.

Организатор на 107-годишнината од смртта на Сандански беше македонското здружение во Бугарија, ОМО Илинден, кое побара реципроцитет и признавање на Македонците во бугарскиот Устав.

„Денес, највисока партиска делегација составена од претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански - предводникот на левото крило на Организацијата“, објави Левица.

Слично

Поврзани вести