Апасиев со аргументи му објасни на Заев зошто е против Законот за државјанство
Левица останува на ставот дека со сите механизми ќе го блокира Законот за државјанство.
Пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, му одговори на премиерот Зоран Заев, зошто е против Законот за државјанство.
1. Законот не се однесува на бездржавјани, туку на лица кои веќе имаат косовско државјанство – т.е. наместо на апатриди, се однесува на бипатриди!
2. Законот е спротивен на Европската конвенција за државјанство на Советот на Европа од 1997 год. (која ние ја ратификувавме во 2002) и е во директна спротивност на Конвенцијата на СЕ за намалување на случаите на повеќедржавјанство (1963).
3. Законот, по трет пат од распадот на СФРЈ (1991), ќе дава државјанство по пат на сукцесија – што е единствен пример на бившите југословенски простори.
4. Законот не бара ефективна врска со државата која го издава државјанството, што е непознат феномен!
5. Законот не предвидува познавање на македонскиот јазик како услов за стекнување државјанство преку т.н. „олеснета натурализација“.
6. Законот предвидува давање државјанство со обични копии од платена сметка за струја!? (феномен непознат во светот).
7. Законот не бара да се има извор на егзистенција, како досега (што значи новите државјани идат директ на терет на државата).
8. Законот го намалува постојаниот престој за издавање државјанство на само 7 години!
9. Во случај на реинтеграција, непрекинатиот престој се намалува од три на само една година!
10. Проблемот на овие луѓе е институционален, а не легислативен (Македонија треба да цели кон поострување, а не кон либерализација на условите за стекнување државјанство).
11. Законот е во функција на нов вештачки етно-инженеринг, во насока на фалсификување на демографската реалност, во очи на илегалниот Попис…
Апасиев му порача на Заев дека имаат уште сто аргументи и причини, но за почеток и овие десетина се доволни.
Утре законот ќе се најде пред пратениците. Ако помине во Собранието, Левица ќе го оспори на Уставен суд.Тие ќе предложат измена на Кривичниот законик со предлагање одредба што предвидува санкционирање на злоупотребата на европското знаменце.. Тие најавија кривична пријава против официјалниот предлагач на законот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Заев смета дека со законот ќе им се помогне на граѓаните кои живеат во земјава, а немата државјанства, но од Левица изразија сомнеж и сметаат дека ова може да доведе до големи демографски промени по земјата.
