АПАСИЕВ: СДСМ И ДУИ ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ НА ЛЕВИЦА - еве што предлагаше партијата за лекување во приватните болници
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, денеска преку својорт официјален фејсбук профил реагираше дека владејачките партии СДСМ и ДУИ, тукушто го одбиле предлог законот на неговата партија за ограничување на цените на лекување во приватните болници.
„СДС + ДУИ, на собраниска седница, тукушто го одбија Предлог-законот на Левица за ограничување на цените на лекување во ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ“, напиша Апасиев на својот фејсбук профил.
Како што е познато, закон за ограничување на сумите за лекување во приватните болници, предлага и Владата. Со него, максималните трошоци за лчекување во приватните клиники, од 12 илјади евра, би се намалиле на 6.000 евра.
Но, како што неодамна говореше Апасиев, тоа не е доволно.
Тој, во своето обраќање за предлогот на Владата со кој се ограничуваат цените во приватното лекување, потенцира дека истиот не ги решава проблемите на сиромашните граѓани. Тој додаде дека иако предлог-законот на Левица беше поднесен пред владиниот предлог, сепак истиот не беше ставен на дневен ред.
„Реков дека здравјето и те како е политичко прашање и овој закон е социјално неправичен, бидејќи со овој закон сиромашните понатаму ќе умираат, богатите понатаму ќе се лечат.
Имено, со овој закон само го максимизирате профитот на сопствениците на приватните болници, но со тоа не му помагате на народот. Оној кој немал досега 12 000 евра, се подразбира дека ќе нема и 6.000 евра. Значи оној кој има, пак ќе има, затоа што него нема да му биде проблем, на богатиот, да плати и 12, нема да му биде проблем ни 6, меѓутоа оној кој живее со 40 денари на ден, а тоа се над 80.000 граѓани, или оние кои живеат со 2 евра на ден, тоа се пола милион од два милиона луѓе, на тие луѓе не им значи ништо овој закон. И за тие луѓе Левица предлагаше да има квота од 50 кревети за сиромашните во секоја приватна болница, ако се 2 или 3, тоа се 100-150 кревети во секој момент, меѓутоа овој закон тоа не го предвидува“, рече своевремено Апасиев, објаснувајќи го својот предлог закон.
