Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: СДС се црвена буржоазија, која ќе доживее дебакл на наредни избори и нема да се соземат после

Апасиев: СДС се црвена буржоазија, која ќе доживее дебакл на наредни избори и нема да се соземат после

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев вели дека Димитар Ковачевски е нелегитимен премиер со анти-македонски и елитистички интереси. 

Според него, се гледа странско влијание кај премиерот во целата оваа кампања, дури и вордингот како што рече им е англо-саксонски, што значи имаат најмено некоја пи-ар агенција која што ја демонизира Левица сите овие месеци наназад. Ова го кажа Апасиев во вчерашното гостување на ТВ 24.

Вели дека СДС се црвена буржоазија, која ќе доживее дебакл на наредни избори и нема да се соземат после тоа. 

„Меѓутоа што би очекувале од октроиран премиер со фризирана биографија, кој никогаш не излегол на избори. За разлика од Левица, на ниту една листа на пратеници го нема премиерот како понуден на изборите, тој е еден политички анонимус, кој што гледаме дека се сликал и со Груевски. Ковачевски претставува висока класа од тие еден процент најбогати. Во неговиот анкетен лист има три стана, две коли, заштеди во банка од 250.000 евра, приходи од капитал од 65.000 евра и ова се износи кои јас, што живеам само од плата, можам да ги сонувам“, рече Апасиев. 

Претходно, премиерот тврдеше дека Левица го држи ВМРО-ДПМНЕ во заложништво. Тој кажа дека Апасиев е политички пироман. 

Од СДСМ претходно рекоа дека Левица станала десница. 

Слично

Поврзани вести