Апасиев распали по Шилегов: Само за рушење знаат, мизерија од луѓе
Не стивнуваат реакциите за рушењето на Универзална сала, идеја која стана извесна откако Град Скопје објави Конкурс за идејно решение за изградба на парк отворена летна сцена на нејзиното место.
Претпладнево реагираше и Димитар Апасиев лидерот на Левица, партијата која на последните парламентарни избори освои два пратенички мандати.
„Изградена со солидарна помош на 37 земји! Потсеќа на римскиот Пантеон. Симбол на главниот град... И иде еден пијаница и ќе ја рушел!? Оти само за рушење знаат. Ништо немаат изградено. Чунки, толку им се способностите. Мизерија од луѓе и од „карактери“, напиша Апасиев на фејбук.
Граѓаните се револтирани и бараат Шилегов да се повлече од идејата.
Слично
