АПАСИЕВ ПРЕДЛАГА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Она што ни треба е воведување ограничен судиски мандат
Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев предлага законски измени, односно ограничен мандат и враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите. Пратеничката група на партијата ќе бара законски измени.
„Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓудругото, е и фамозното слободно судиско уверување кое е непресушен извор на корупција. Кога на ова ќе го додадете и трајниот судиски мандат, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ја фаќа закон (не можете да ја тужите и не одговара за ништо)! Она што ни треба како општество е воведување ограничен судиски мандат (од девет години, по примерот на уставните судии) плус, враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите во случаи на непримена, изигрување или злоупотреба на законите. И да знаете дека ова ќе биде предложено од нашата пратеничка група во блиска иднина. #КорупцијатаУбива”, напиша пратеникот Апасиев на својот Фејсбук профил.
Деновиве имаше многу критики, но и протести пред судот поради загинувањето на младата Фросина Кулакова од Неготино. Неа ја прегази момче кое било добро познато на полицијата и судскиот систем.
