Апасиев: Пратеникот до последно беше со нас, нешто се случило
Се губи смислата на изборите бидејќи тие со вакви методи можат до стигнат и до 90 пратеници, порача лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Тој вели дека оваа власт не паѓа милум и треба радикализација. Додава дека состојбата е алармантна, и дека демократијата е парализирана.
„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите. Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата“, порача Апасиев.
Вели дека власта со сите средства се обидува да спречи трансфер на власта.
„Пратеникот до последно беше со нас, нешто се случило“, рече Апасиев.
Тој го повика и претседателот Стево Пендаровски да реагира по она што денес се случи.
