Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев денеска го праша премиерот Христијан Мицкоски за признавање на Палестина, а Мицкоски повика на мир. 

„Треба мир во светот, во мир секогаш се постигнува компромис и решение. Цивилите не се виновни затоа што политичарите на сметка на својот хедонизам и комфор се обидуваат да спечалат поени. Посакувам час поскоро мир и сите тие луѓе во Газа, Палестина, Украина и насекаде во светот да функционираат нормално“, одговори Мицкоски. 

Пратеничката група на Левица неодамна до Собранието поднесе Декларацијата за признавање на Палестина.

На 7 октомври лани, палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел, уби над 1.000 израелски цивили, и зема заложници, по што израелската армија почна операција во Појасот Газа. Во воените дејствија загинаа голем број Палестинци. 

Слично

Поврзани вести