Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев повторно побара национализација, Бектеши најавува „ендек“ за БЕГ

Апасиев повторно побара национализација, Бектеши најавува „ендек“ за БЕГ

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, повторно се огласи на социјалните мрежи и побара национализација на Балкан Енерџи Груп, операторот на топловодната мрежа во Скопје.
- БЕГ, од шо биле "општествено одговорна компанија", кажуваат дека имаат ресурси за уште два дена греење на Скопје!?

А бе, мамлази. Па тоа се кажуе три месеца унапред, а не 48 часа пред банкрот.

Морееее, НАЦИОНАЛИЗИРАЈ све тоа еднаш-засекогаш и никад више приватен капитал да не припари у енергетски сектор!, напиша пратеникот на Фејсбук.

Тој и претходно побара национализација на оваа компанија кога граѓаните се пожалија на недоволно загреаните радијатори.
Инаку синоќа и министерот за економија, Крешник Бектеши, реагираше на својот приватен профил на Фејсбук.
- Почекај БЕГ-у,, следува ендек, напиша Бектеши.
Владата вчера предложи нов режим на работа на гасната централа ТЕ-ТО со која ќе се засили снабдувањето со топлинска енергија на БЕГ. 
ТЕ-ТО испрати допис до медиумите во кој изразува незадоволство од ваквиот потег на Владата со реакција дека директна финансиска помош треба да добие БЕГ.

Слично

Поврзани вести