Апасиев покажа како изгледа просторија од новото партиско седиште
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дел од новите простории во новокупеното партиско седиште во центарот на Скопје.
„Еве, да не се мачи премиерот да праќа шпиуни у андерграундот - новата КОНГРЕСНА САЛА НА КОМЕСАРИЈАТОТ на Левица“, објави пратеникот.
ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше дека деловните простории во кулата Апасиев се купени под цената утврдена и проценета од Град Скопје.
-Опозициската Левица, на Димитар Апасиев купила имот во центарот на градот од 409 метри квадратни на Адвокатска улица, кој е купен со договор во ноември минатата 2024 година за цена од 295.000 евра со ДДВ. Тоа значи дека, согласно овој договор, овој објект Левица на Апасиев го купила за 721 евро за метар квадратен, објавија од владеачката партија.

