Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев побара оставка од Бујар Османи: Не треба да преговара Албанец за етнички прашања поврзани со Македонците

Апасиев побара оставка од Бујар Османи: Не треба да преговара Албанец за етнички прашања поврзани со Македонците

Пратеникот Димитар Апасиев имплицитно побара оставка од министерот за надворешни работи Бујар Османи, бидејќи според претседателот на „Левица“ логично е етнички Македонец да преговара за етничките прашања во спорот со Бугарија, а не Албанец. За ова Апасиев побара поддршка и разбирање од сограѓаните Албанци.
„Драги сограѓани АЛБАНЦИ.

Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!? Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира?

Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ од ДУИ! Во име на Македонците преговара со Бугарите што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце... Со кое право? Со чие полномошно?

Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!

Смрт на фашизмот, слобода на народот!“, напиша Апасиев на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести