Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: По кој став пратениците се должни по ходниците да гледаат неидентификувани лица со пиштоли?

Апасиев: По кој став пратениците се должни по ходниците да гледаат неидентификувани лица со пиштоли?

Претседателот на Левица и пратеник во Собранието го праша спикерот Талат Џафери зошто во ходниците имало 30 лица кои се шетале со пиштоли. 

Апасиев вели дека не се работи за редовното обезбедување, туку за лица кои се неформално облечени, и не носат сакоа. Искоментира дека не знае зошто тие лица сеат страв или пак да не се истите кои правеа инциденти на Скендербег. 

„Јас не знам дали мислите дека плашите тинејџери“, праша пратеникот. 

Џафери вели дека тие лица се придружба на политичарите кои имаат обезбедување, премиер, министри итн. За стравот, спикерот вели дека не може ништо да направи. Додека Џафери одговараше имаше реакции од пратениците кои негодуваа. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести