Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Писма од комори и компании пристигнуваат до пратеници

Апасиев: Писма од комори и компании пристигнуваат до пратеници

Пратеникот Димитар Апасиев пред донесувањето на најавените измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, денеска предупредува дека комори и компании вршат притисоци и лобираат кај народните избраници тие да не се изгласуваат во Собранието.

Со новите измени, кога казнената камата ќе ја достигне висината на главниот долг таа да престане да се зголемува. Голем број граѓани кои се должници со години не можат да си ги подмират долговите, бидејќи каматата постојано расте, а извршителите им наплаќаа неколкукратно повисоки суми.

Сепак, пред три години беа направени измени во Законот за извршување, со што се воведе ограничување на наплатата од извршител, односно од една третина на една петтина од приходот, односно од платата или пензијата. Но во тогашното законско решение немаше промени во казнената камата која често знае да ја надмине висината од главниот долг.

„Доста е веќе со должничко ропство. Да ги цицате луѓето и да печалите од нивната немаштија!“, реагира претседателот на „Левица“ и додава дека до пратениците секојдневно пристигнувале писма од страните кои се доверители.

Во собраниска процедура, по скратена постапка, пред една недела влегоа предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, со кои покрај скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години, се ограничува и износот на стасаната, а неисплатена казнена камата (која престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината), како и каматите кои ги пресметуваат извршителите.

Слично

Поврзани вести