Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Патентите за ковид вакцините да им се одземат на фармацевтските компании и да им се дадат на сиромашните земји

Апасиев: Патентите за ковид вакцините да им се одземат на фармацевтските компании и да им се дадат на сиромашните земји

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, по подолг период излегува со левичарски пост на фејсбук профилот, соодветен за идеологијата на неговата партија Левица.
Тој се согласува со иницијативите кои се појавиле во Европскиот парламент, дека треба сериозно да се размисли да им се одземе патентното право на големите фармацевтски компании, со оглед што вакцините против коронавирусот ги зедоа, како што вели, најбогатите 10 држави. 
Ковид вакцините му припаѓаат на народот, пишува Апасиев.
„Во Европарламентот веќе има иницијативи кои велат дека, во услови на пандемија, кога севкупното светско производство на вакцини против новиот коронавирус го испоземаа само 10 најбогати држави во светот (додека над 100 држави членки на ОН воопшто немаат ниту една доза вакцина за своето население) - треба сериозно да се размисли за одземање на патентното право на големите фармацевтски компании за производство на овие вакцини.

Со ова, кога ПАТЕНТИТЕ ќе станат јавно достапни, секоја земја која има капацитет ќе може да си произведе вакцини за сопствени потреби и нема да чека на милоста на мултинационалните корпорации! Аргумент плус е тоа што во развивање на новите вакцини, финансирањето од јавни/државни фондови е повеќе од 60 отсто“, пишува Апасиев.

Слично

Поврзани вести