АПАСИЕВ ОТИШОЛ ВО МОСКВА ЗА ЛЕВИЦА ДА ЈА ПОТВРДИ СВОЈАТА АНТИФАШИСТИЧКА ОРИЕНТАЦИЈА - лидерот сподели фотографии
Левица информираше дека на официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), вчера, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, присуствувал на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва, информираат од Левица..
-Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем придонес преку Народноослободителната борба, во која илјадници борци ги положија своите животи за слобода. Денес, кога се одбележуваат 80 години од Големата победа, наша должност е да се сеќаваме, да почитуваме и да продолжиме да се бориме против сите форми на неофашизам и ревизионизам, во духот на вистинскиот македонски антифашизам. Со оваа посета, Левица ја потврдува својата антифашистичка ориентација и историска поврзаност со борбата на народите против окупацијата, теророт и транските режими. Слава им на хероите! Смрт на фашизмот, слобода на народот, стои во соопштението од партијата.
Лидерот на Левица Димитар Апасиев сподели серија фотографии од посетата, а на едната забележа дека сега на парадата присуствува како премиер, но наредниот пат ќе оди како премиер.