Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестија за „27 април“'

Апасиев: Осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестија за „27 април“'

Откако вчера Собранието не ја изгласа потребата, во забрзана собраниска процедура да влезе Законот за амнестија на осудениците од 27 април, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ биле против.

„Се ежам од фразата „ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“! 8 пратеници на ДПМНЕ гласаа за Преспански. 8 пратеници на ДПМНЕ не гласаа за амнестија за „27 април“. Ама, шо би рекол Таче, може ја сум параноичен!? Еве, не знам“, објави пратеникот.

За „Уставобранителите“, како што ги нарекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се бара амнестија за упадот во Собранието на 27 април 2017 како дел од процесот на простување и помирување.

Законот го подготвија адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски кои беа дел од одбраната на сега веќе осудените за Терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие беа спречени да присуствуваат во собраниската сала и во живо да го следат гласањето, иако како што информираа, уредно испратиле барање до собраниските служби.

Слично

Поврзани вести