Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПАСИЕВ: Oсудените за 27 април треба да се помилуваат

АПАСИЕВ: Oсудените за 27 април треба да се помилуваат

Според лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, осудените за 27 април треба да се помилуваат преку помилување „ин конкрето“.

Тој во емисијата „Претрес со Ландов“ кажа дека тоа значи претседателот на државата да помилува конкретни осуденици. Инаку, овие кои се, како што рече, неправилно класифицирани во делот на терористичко загрозување.

„Мислам дека треба да има помилување, но како ќе го изведат не знам. Ние еднаш поддржавме, ако се сеќавате. Тие луѓе се неправилно класифицирани во делот на најтешко терористичко загрозување. Ако дадете вие амнестија за такво дело, по автоматизам доаѓа и „Монструм“, овие – терористите“, посочува Апасиев.

За затворските услови Апасиев вели дека ни малку не се на нивото на скандинавските земји, а ниту, пак, останало тоа што било во Југославија.

Слично

Поврзани вести