Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија

Апасиев: Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска во Благоевград изјави дека даваат целосна поддршка на клубот „Никола Вапцаров“ и се надева дека правилата ќе се почитуваат, затоа што се работи за европска држава. 

„Ова е прв македонски клуб што се отвора, иако е формално, правно и легално, знаете дека бугарската држава не дозволува. За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Нема тензии, не правиме тензии. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија“, рече Апасиев.

Македонците од Бугарија кажаа дека сакаат да се изјаснуваат како Македонци, и не прават никакви тензии. Во клубот ќе има книги на македонски јазик. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека правото на самоопределување не смее да се спори и тоа е загрантирано со сите конвенции. 

Слично

Поврзани вести