Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев објави енормно поскапување на обрасците на МВР за дозвола за престој

Апасиев објави енормно поскапување на обрасците на МВР за дозвола за престој

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека Министерството за внатрешни работи енормно ги зголемило цените за обрасците за издавање на дозвола на постојан, односно привремен престој на странци во земјата.

Според актот што го објави пратеникот,обрасците од 190 денари, поскапуваат на 4.000, односно 6.100 денари.

„ПАНЧЕ бе, шо стори? Од три евра, образецот си го поскапел на 100 ЕУР!“, реагираше Апасиев на социјалните мрежи, алудирајќи на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.



Слично

Поврзани вести