Апасиев: Нема да ја објавиме програмата до крај, за да не ни ги препишат проектите
Петар Геогриевски, познат во јавноста уште како Перо Камиказа, на денешната прес-конференција заедно со лидерот на Левица Димитар Апасиев ја објави својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје, но вели дека не можел сега да најави големи проекти бидејќи не знаел со каков буџет ќе распола.
„Јас не знам колку пари ќе ми бидат оставени во буџетот, затоа не сакам да ветувам нешто што потоа нема да може да се реализира“, рече басистот на култниот бенд „Меморија“ и поранешен актер.
Пратеникот Апасиев рече дека „Левица“ ќе оди на локалните избори со советнички листи во 40 општини, но не дека програмата ќе биде објавена кога ќе започне предизборната кампања.„Ќе имаме советнички листи во 40 општини, а деновиве ќе финишира и програмата за Град Скопје. Таа ќе биде испечатена, но не пред кампањата, Искуството ни кажува дека често ни ги препишуваат проектите. Анкетите, на мое чудење, се оптимистички и покажуваат дека Перо Камиказа влегува во втор круг“, наведе Апасиев.
