Апасиев: Навистина немате некој поасален кадар да ставите како директор на Управата за извршување санкции?
Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев го критикува раководството на Управата за извршување на санкции откако имаше инцидент, при што затвореник го украл пиштолот од полицаецот, пукал во него и успеал да избега.
Апасиев има забелешки за кадрите кои ги поставува власта.
„Добро бе Се-Де-Се-Ме и министре Тупанчевски... Стварно бе немате некој поасален кадар да ставите како директор на Управата за извршување санкции? Го гледав овој МАРЈАН СПАСОВСКИ - човече Божји, која дилајла е во прашање!? Дај бе не се брукајте, сменете го сместа! Ликов е изгубен во преводот, до тука бидува“, пишува Апасиев.

Инаку, полицијата распиша меѓународна потерница по избеганиот затвореник.
„Мемети Беким роден на 30 јануари 1986 година во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ“, стои во објавата на МВР.
Осуденото лице Б.М од Тетово е осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.
Затвореникот имал многу проблематично минато.
