Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Наместо руски, банкротираат aмерикански банки?

Апасиев: Наместо руски, банкротираат aмерикански банки?

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев ги коментира санкиците кои западот ги воведе за Русија, поради војната во Украина. 

„Чудни ова санкцииве.  Наместо руски, банкротираат американски банки!?“, пишува Апасиев. 


Советот на Европската унија денеска за уште шест месеци ја продолжи важноста на санкциите што им беа наметнати на одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Со одлука на Советот времетраењето на санкциите се продолжува до 15 септември 2023 година, а со овие рестриктивни мерки се опфатени 1.473 лица и 205 субјекти. Санкциите за физички лица се состојат во забрана за патување во земјите на ЕУ, а другите мерки се замрзнување на имотот на територијата на ЕУ и забрана за давање пристап до средства и други економски ресурси на лица и субјекти од казнената листа, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Слично

Поврзани вести