Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Македонци има, имало и ќе има без оглед дали политичарите преговараат за тоа како ќе ни се вика јазикот

Апасиев: Македонци има, имало и ќе има без оглед дали политичарите преговараат за тоа како ќе ни се вика јазикот

Македонци има, Македонци имало и Македонци ќе има без оглед дали политичарите преговараат за тоа како ќе ни се вика јазикот, како ќе ни се вика државата, порача денеска пратеникот од Левица, Димитар Апасиев. 

Вели дека е потребна осуда на неоврховистичките позиции на бугарската влада и да се отвори прашањето за македонско малцинство во Бугарија.

„Односите со Бугарија се последица директна на Преспанскиот договор, на таа лилипутантска нишка во дипломатијата која што секогаш каска зад светските текови. Оттука, односите со Бугарија ќе бидат мачни, ќе бидат тешки и можеби никогаш нема да дојдат до крајот, за разлика од односите со Грција. Понатаму, предвидувам дека можеби, тоа е црно сценарио, дека и Албанија ќе стане земја членка пред нас, дека и таа потоа ќе ни става вета, можеби Србија нема да ни стави вето на крајот, бидеќи и таа ќе стане земја членка пред нас во Ервопската Унија. Оттука, нашата надворешна политика мора да се фокусира кон алтернативи, бидеќи ние уште многу долго време ќе останеме во чекалната на Европската унија. Она што ми фали во оваа резолуција е отфрлањето јасно на објаснувачкиот меморандум на бугарската академија и бугарските колеги пратеници, коишто за разлика од над кои одвај наоѓаме консензус, имаат консензус за сите анти-македонски прашања. Имено, овој меморандум пропагира историски ревизионизам и пропагира рехабилитација на фашизмот. Јас се надевам како што брушевте шахти нема да ги демонтирате спомениците од НОБ, коишто се последица на Асномска Македонија“, рече тој. 

Собранието едногласно ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија. 

За Резолуцијата гласаа 96 пратеник, при што 95 гласаа „за“, а еден беше воздржан. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата Република Северна Македонија. За Резолуцијата говореше само по еден претставник на пратеничките групи.

Слично

Поврзани вести