Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: „Левица“ со нула денари за патни трошоци

Апасиев: „Левица“ со нула денари за патни трошоци

Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“ објави дека тој и Благој Крмов како единствени пратеници од оваа партија не потрошиле ниту еден денар за патни трошоци откако е формиран новиот пратенички состав.

„СКАНДАЛ: Пратениците на Левица земале 0 (нула) денари патни трошоци!!!“, објави во свој стил пратеникот, по веста  дека вкупно, од конституирањето на Собранието во август лани, овој пратенички состав, ја чини државата речиси 200 илјади евра за патни трошоци.
Пресметаните трошоци се заклучно со април, а во моментов тече исплатата и за мај, иако седници има многу ретко, а ни комисиите не претераа со работа.

Слично

Поврзани вести