Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Козле се бетонизира, Богоев ќе гради 50 нови згради во населбата

Апасиев: Козле се бетонизира, Богоев ќе гради 50 нови згради во населбата

Со Предлог Деталниот урбанистички план за четврт Ј 04 ќе се бетонизира скопската населба Козле која се наоѓа во општина Карпош, тврдат од партијата Левица. Велат дека овој предлог ДУП е спротивен на интересите и потребите на жителите на Козле и Општина Карпош. Според нив, во овој план предвидени се педесетина нови објекти на високите делови на Козле, во рамките на К.О. Долно Водно. Најголем дел од нив ќе биле на четири нивоа и висина од 10,2 метри.
Кон овие тврдења се приклучи и лидерот на партијата Димитар Апасиев.

„Со спроведувањето на овој ДУП ќе се уништи огромна површина на зеленило, а бетонскиот ѕид ќе биде пречка за струење на чистиот воздух од Водно кон урбаниот дел на Скопје. Бројните габаритни објекти се и потенцијална закна за појава на ерозија и лизгање на земјиштето. Левица Карпош ги повикува советниците во Општина Карпош да постапат разумно и во интерес на жителите, а не урбаната мафија, и да го спречат носењето на овој штетен Детален урбанистички план, велат од Левица.



Слично

Поврзани вести