Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

За лидерот на Левица, Димитар Апасиев, е необјасниво тоа што до изрекувањето на конечната двегодишната затворска казна за возачот Менсур Пајазити кој во 2022 смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово, само низа на судии и обвинители етнички Албанци одлучувале за случајот.

На јавната седница на 16 април 2024, апелационите судии од Гостивар Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати, речиси му ја преполовиле казната на Пајазити. Иако првично Вишото јавно обвинителство Гостивар се изјаснило да не се прифати во Апелациониот суд Гостивар жалбата на обвинетиот Менсур Пајазити, сепак на главната расправа обвинителката од ова Вишо обвинителство Вјолца Елмази, се премислила. Елмази застанала на страна на обвинетиот, место на страната на обвинението и на своите колеги од Јавното обвинителство на Тетово. Побарала на Пајазити да му се намали казната.

„Елзими + Хајдари + Рустеми + Мурати + Ферати (+ Пајазити) и "пресудија" на прегазената млада девојка на пешачки ТЕОДОРА Ристовска од Тетово!?

Чекај, чекај... Во мојов професионален живот имам учествувано во преку 600 спорови и постапки од најразличен вид. Речиси и да немало случај каде барем еден или двајца членови на судечките совети не биле судии Албанци (не навлегувам во нивната "стручност", со купените дипломи од Приштина и сертификатите за англиски од Драч).

Па, нели бе "духот на Рамковниот" беше да нема надгласување и МАЈОРИЗАЦИЈА по етничка основа! Тогаш зошто во случајот на прегазената млада Македонка од Тетово немало ама баш ниту еден судија/обвинител Македонец?

Не велам дека тогаш би се постигнала Правдата, оти корумпираните си се корумпирани без оглед на етничката припадност - но, не може она што се применува за една триба (Бадентер), да не се применува за другата триба!? Оти, просто, не е фер! Оти тогаш сме граѓани од втор ред во сопствената држава, чиј живот кошта две години затвор“, реагира пратеникот на својот профил на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести