Апасиев: Изведувачот се заканува со приватни батки да ги тепа бранителите на Водно
Вистинска драма се случува денеска на Водно. Граѓански активисти легнати пред багери ја штитат планината.
На социјалните мрежи врие од видеа и коментари по повод случувањата кои на нозе ја кренаа јавноста.
Познати личности и критичари со негативни коментари.
Димитар Апасиев кој е член на Левица и познат критичар на актуелната владеачка гарнитура пишува дека работата е отидена до таму што изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите.
„Горе на Водно се случува вистинска драма!!!Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на "Топилница"). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај "местото на злосторството".“, пишува Апасиев на Фејсбук.
