Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Имаме 61 пратеник со тенденција да стасаме до 64

Апасиев: Имаме 61 пратеник со тенденција да стасаме до 64

Претседателот на Левица Димитар Апасиев и претставникот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари пред камерата на ТВ Клан потврдија дека успеале да стасаат до ново парламентарно мнозинство. Изјавите, без да соопштат дополнителни информации ги дадоа на излегување од Собранието, каде тие имаа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, челникот на Алтеранатива, Африм Гаши и генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа.

„Да. Имаме ново мнозинство од вечерва. Тоа е официјално. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, Левица и Беса. Имаме 61 пратеник со тенденција да стасаме до 64“, изјави Апасиев.

Слично

Поврзани вести