Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев има план Б и најави правна операција против францускиот предлог

Апасиев има план Б и најави правна операција против францускиот предлог

Левица има план Б, велат од партијата по синоќешните протести. 

„Си играте со погрешната генерација“, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев повика на масовност и за денешните протести. 

„Врие Македонец, ова е премногу што ни се случува и народот не може да трпи вакво предавство. Планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето", изјави Апасиев.

Тој го повика „секој свесен македонски граѓанин да биде пред Собрание додека трае расправата по овој предавнички предлог".

„Дури и да го донесат предлогот тоа не значи ништо, немаат двотретинско мнозинство да го променат Уставот, а и да имаат ние им подготвуваме план Б со една правна операција која ќе ја соопштиме во вторник – среда", изјави лидерот на Левица.

Три дена претходно имаше протести против францускиот предлог. И вечерва во 19 часот ќе има протести. Граѓаните сметаат дека францускиот предлог задира во јазикот и идентитетот. Тие не сакаат во ЕУ по секоја цена. 
Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека ако Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија сама ќе ги почне преговорите. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести