Aпасиев: Има пари за бонус-дневници за партиската полиција, aма нема за болните од цистична фиброза
Претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев го коментира случајот со Благојче Илиевски кој почина од цистична фиброза.
„Има пари за бонус-дневници за партиската полиција што ги чуваше Таче и Пендаровски (да не бидат исвиркани на гробот на Гоце), ама нема за БОЛНИТЕ од цистична фиброза кои не можат да дишат! Ова не е наша Влада, другари“, пишува Апасиев.

Болните од цистична фиброза претходно протестираа пред Владата со барање да им се обезбеди потребниот лек.
Слично
