Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПАСИЕВ И МИТРОВСКИ ДОБИЈА ЈАВНА ПОКАНА ЗА ТВ ДУЕЛ: Јанаки веќе ја прифати, се чека на лидерот на Левица

АПАСИЕВ И МИТРОВСКИ ДОБИЈА ЈАВНА ПОКАНА ЗА ТВ ДУЕЛ: Јанаки веќе ја прифати, се чека на лидерот на Левица

Новинарот Јанко Илковски на неговиот фејсбук профил ги покани лидерот на Левица, Димитар Апасиев и адвокатот Јанаки Митровски, на тв дуел, откако на социјалните мрежи веќе некое време се препираат но и завршија на суд.
„Јавна покана до Димитар Апасиев и Јанаки Митровски за тв дуел во мојата емисија. Немам никаква агенда и двајцата ќе бидат третирани подеднакво. Мојата медиjација ќе се состои во контрола на техничкиот квалитет и евентуални прашања и коментари од публиката. Ако двајцата се договорат за PPV јас се откажувам од мојот дел и ќе го донирам во добротворна организација. Јади Бурек не е финансирана од ниедна партија и здружение и работи непрофитно (нема реклами ниту спонзори)“, напиша Илковски.

По официјалната покана, адвокатот Митровски ја сподели објавата на Фејсбук и напиша „ајмо“, што значи дека ја прифаќа поканата. 

Лидерот на Левица, се уште не се огласи по поканата.



Слично

Поврзани вести