АПАСИЕВ И МИЦКОСКИ СИ РАЗМЕНИЈА ОСТРИ ЗБОРОВИ: Беше употребен и термин „синдром на дива коза“
На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, имаше жестока расправа меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.
Апасиев кажа дека не добил одговор од премиерот и тоа што, како што објасни, скокал од тема на тема, стручно се викало „синдром на дива коза“. Тој употреби и термин „вербална дијареа“.
Мицкоски рече дека не го разбрал, а потоа додаде дека Апасиев е последниот бастион што ги брани поранешните високи функционери од ДУИ и СДСМ.
Во однос на трагедијата во Кочани, пратеникот праша до кога ќе ги штитат корумпираните вмровски кадри.
Слично
