Апасиев го откажа кафето со Мицкоски
По се изгледа дефинитивно нема да има заедничко пиење кафе на опозициските лидери Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето последно излегува пред јавноста рече дека го побарал лидерот на Левица за заедно да пијат кафе и даго окрупнат опозицискиот фронт против премиерот Зоран Заев но дека тој не му возвратил.
„Она кога вмровски портали, по директива, ќе се налепат на реторичкото прашање на испровоцираниот ЗАЕВ, ко муви на гомце! Бесценето
p.s. И после некој ќе плаче ко повредена тинејџерка, оти не сум пиел кафе со него!? Е оти де?“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Инаку вчера на седницата за пратенички прашања Апасиев го праша Заев дали се обидел да поткупи пратеници на опозицијата, по што овој му возврати дека не го личи политички лидер да обвинува со претпоставки и дека тоа е исто како „власта да каже дека му обезбедиле ресурси на Левица за да одзема гласови од ВМРО-ДПМНЕ“.
Слично
