Апасиев го доби известувањето од Талат Џафери за референдумот
Димитар Апасиев, лидерот на Левица, објави дека го добил известувањето од претседателот на Собранието, Талат Џафери, за иницијативата за референдумот против францускиот предлог дека не е подготвена во согласност со одредбите на Деловникот.
Цафери ова решение го соопшти пред медиумите на 12 октомври, но во меѓувреме Апасиев се пожали дека тој го нема добиено. „Конечно стигна гулабот-писмоносец. Го добив "Известувањето" од Таљат за референдумот“, објави пратеникот на Фејсбук.
Откако Џафери претходно објави дека ќе ја врати иницијативата за референдум за францускиот предлог на доработка, Апасиев реагираше дека објава во медиуми не е уредна законска достава. „На ден 07.10.2022 година, јас како граѓанин - физичко лице, не како пратеник, сум ви поднел Граѓанска иницијатива за распишување на дополнителен референдум. Вие сте објавиле некое известување до медиуми на ден 12.10.2022 година. Значи пет дена по моето поднесување на предлогот со 750 потписи но, ова известување јас сѐ уште како овластен предлагач гонемамдобиено писмено“, потенцираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев во своето денешно собраниско излагање. Јас немам никакво Известување, по што би почнале да течат (според Вашето толкување) деловнички предвидените 15 дена за корекција на она што не ви се допаѓа. Иако, Вие немате право да навлегувате во тоа дали ви се допаѓа или не ви се допаѓа формулацијата на прашањето“, рече во меѓувреме Апасиев. Барањето за референдум на партијата Левица доставено до Собранието, не е подготвено во согласност со одредбите на Деловникот, соопшти спикерот пред нешто повече од две недели. Партијата Левица до претседателот на Собранието, Талат Џафери на 7 октомври достави иницијативата за референдум против францускиот предлог, откако ги собраа потребните потписи. Прашањето за кое што се предлага распишување референдум гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година.“
