Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев ги повика следбениците на Левица да не купуваат производи што се рекламираат на Канал 5

Апасиев ги повика следбениците на Левица да не купуваат производи што се рекламираат на Канал 5

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, ги повика членовите и симпатизерите на оваа партија да не ги купуваат производите што се рекламираат на националната телевизија Канал 5.
Левица претходно го блокираше законот со кој на петте национални телевизии требаше да им се доделат неколку милиони евра за проекти од национален интерес.
„Нејзиниот директор ИВАН МИРЧЕВСКИ - груевистичкиот слуга кој гасеше струја у студио, ги вади своите фрустрации оти му го блокиравме Законот за поткуп на медиуми, кој си го смета за негов проект (во меѓувреме, законот си го донесоа со европско знаменце, па сега може слободно да пуши кај Таче и кај Мицко, за да му фрлат некој грош).
Епа, директоре. Чим бараш војна, ќе добиеш ВОЈНА! Левица ќе го возврати ударот и ќе те удри таму кај што те боли највеќе (по паричките). 

Од оваа недела ќе започнеме системски организирана антикампања на БОЈКОТИРАЊЕ на сите производи и фирми кои се рекламираат на оваа куртонска и непрофесионална телевизија!!! Со слики, со имиња, со пречкртани брендови, со све...

p.s. Имаме дисциплинирано многуилјадно членство и електорат кој надминува неколку стотитици илјади граѓани. Па ќе видиме на крајот кој ќе се смее најслатко, директоре.“ повика Апасиев.

Слично

Поврзани вести