Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев до Таравари: Немојте вака да се радикализирате, кај ќе ни биде крајот

Апасиев до Таравари: Немојте вака да се радикализирате, кај ќе ни биде крајот

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев ја коментира изјавата на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците кој кажа дека ако не се направат уставни измени, ако европската иднина на Македонија биде доведена во прашање, тогаш Албанците според него, може да се радикализираат и да бараат реорганизација на државата. 

„Балистот ТАРАВАРИ рече дека Албанците ќе се „радикализирале"! И, оп, си влезе у Влада. Аман, батко, немојте вака да се радикализирате, кај ќе ни биде крајот“, пишува Апасиев. 


Таравари рече дека Македонија може да влезе во маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе. 

Слично

Поврзани вести