Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПАСИЕВ ДО СПАСОВСКИ: Ама не треба ли да се дерегистрира и твојата партија, министре?

АПАСИЕВ ДО СПАСОВСКИ: Ама не треба ли да се дерегистрира и твојата партија, министре?

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев ја коментира изјавата од синоќа на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека партијата Десна на осомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски, треба да се дерегистрира. 

Апасиев го критикува Спасовски. 

„Истопорен на вонреден ноќен прес на отворено, откако друга полиција му го фати убиецот, нашиов министер за внатрешни вика дека требало да се дерегистрира партијата на Палчо! Супер. Се слагам. Ама не треба ли да се дерегистрира и твојата партија, министре - оти токму овој психопат со години ви беше ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРАДСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СДСМ - СКОПЈЕ?“, прашува Апасиев. 


Инаку, партијата пропагира содржини против ЕУ и НАТО. 

Слично

Поврзани вести