Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев до Мицкоски: Ќе поднесете ли оставка, еве докази дека агенцијата за обезбедување од Кочани е блиска до ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев до Мицкоски: Ќе поднесете ли оставка, еве докази дека агенцијата за обезбедување од Кочани е блиска до ВМРО-ДПМНЕ

Ќе си поднесете ли оставка, откако Александар Нацев е на фотографии со цела ваша партија, го праша лидерот на Левица Димитар Апасиев, премиерот Христијан Мицкоски, покажувајќи му фотографии со Нацев, за кој премиерот претходно велеше дека не го познава. 

„Отфрлам дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ и тоа најостро го демантирам. Тврдам дека ниту една агенција за обезбедување нема врска со ВМРО-ДПМНЕ. Ако ми дадете еден доказ, утре ќе си поднесам оставка. Вака господине Мицкоски зборувавте на новинарско прашање по катастрофата во Кочани“, рече Апасиев на пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека освен агенцијата за обезбедување на Александар Нацев, постоеле и „центар за безбедносно истражување“ и „Институт за конзервативни политики“, невладини организации, но и дека Нацев бил фотографиран со актуелни челници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа агенција има четири подружници и веднаш после вашата победа минатата 2024 година, почнува да и цвета бизнисот, во Пробиштип, во Штип, во Скопје, во Кочани, во Струмица, провизиите веројатно на сметка кај вас и партиските битанги. Основни, средни училишта, Корчагин, Марија Кири Склодовска, Георги Димитров. За овој Нацев, велите во јуни дека бил во владата 2016-2017, дека обавувал некои работи и потоа не знаете ништо за него. Тој сакал да биде кандидат за градоначалник, извисил, не сте го кандидирале, а бил делегат во 2016 година, кога бевте избран за лидер. Овој човек ве гласал да бидете тоа што се. Бил директор на Агенција за класифицирани информации и заработил кривична пријава за злоупотреба. Еве го на сите ваши трибини, со Иванка Додовска, со Бојан пратеникот, со Ковачки, со сите и на крај капак, со вас. Оној што не го познавате, што не го знаете. Нема да ве прашувам за тендерите и рекетот, тоа ви е слабост, ќе ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка, бидејќи самиот тоа го кажавте“, рече Апасиев.

Наместо одговор, премиерот Мицкоски го праша Апасиев дали ја „цицал“ партиската каса заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ. 

„Овој што сака да биде ВМРО, што го исклоцаа во Велес, па мораше да се приклучи на Ленка. Се служи со лаги, невистини, клевети. Јас имам слики и со вас Апасиев, можеби требаше и тие да ги објавите. Еве на пример, 6 октомври 2024 година, одлука за кредит.
Па велите: „Фала ви на сите што дојдовте, го достигнавме тоа што го сонувавме, да имаме недвижност. Недвижнсота има четири нивоа, минус два нивото го планираме за поткасти, па прес центар“, а демантиравте дека имате врска со ова. Треба да и кажете на јавноста, кога ја зборувате вистината, кога зборувавте дека е мало местенце или кога зборувате дека е голем простор“. 
Стотици трансакции од партијата Левица на вашата сметка. Еве ги сите транскации како ја молзете и како ја цицате Левица, па вие треба да одговорите дали е точно или не. Тоа што повеќе ме загрижува е вашиот кандидат за градоначалник на Скопје, кој исто така добивал пари од партијата. И вие зборувате за патни трошоци, за ова или за она. Ова е само почеток. За ваша жал, а среќа на граѓаните, има патриоти и преку глава им е од измамници како што сте вие“, рече Мицкоски.

Апасиев пак, му посочи дека не дал одговор на прашањето кое му беше поставено.

„Изгледа ве преценивме. Година и пол не можете да сфатите дека пратениците прашуваат а премиерот одговара. И конечно на Македонија и треба лидер кој има одговори, а не прашања. Вие со имот од 8 милиони евра ми префрлате за имот од 300 илјади евра под хипотека. Да, Левица расте, се развива. Не можете да дојдете на поле на кое вие имате 102 имотни листа. Најбогатата партија и префрла на партиичка која земала имот. Толку имаме, еден имот сме стекнале. Тоа минус два не го средивме, ама еве чекаме пари од вас, да го средиме“, рече Апасиев.

Слично

Поврзани вести